Александра Јанева ја врати во живот песната „Ми подаваш рака“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Александра Јанева, една од најпрепознатливите и најмоќни женски гласови на македонската сцена, повторно ја воодушеви својата публика.

Нејзиниот најнов проект е преработка на легендарната песна „Ми подаваш рака“ – хит кој првпат се појави во далечната 1978 година, а денес добива сосема нов живот.

Со современ аранжман на Лазар Цветковски, песната ја задржува својата емоција, но добива модерна свежина и енергија што ја прави блиска и на новите генерации. Видеоспотот, во режија на охриѓанецот Даниел Јовевски, е снимен на неколку магични локации во Охрид – градот кој со својата убавина и атмосфера уште повеќе ја потенцира приказната на песната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Август 2025 година беше меѓу најтоплите во историјата на мерењата

Во него, Јанева зрачи со ведрина и искреност, пренесувајќи порака за надеж, поврзување и радост. Со овој проект, таа уште еднаш покажа дека знае како да го спои минатото со сегашноста и да создаде уметност која допира до срцата на сите генерации.

Погледнете го спотот и откријте ја магијата на песната во ново, современо светло!