Околу 80.000 жандарми и полицајци ќе бидат мобилизирани во среда, 10 септември, за да се спречи избувнување на какви било немири како дел од движењето „Блокирај ги сите“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејтиљо, кој наскоро ќе поднесе оставка.
„Нема да толерираме никаква блокада, никакво насилство“, изјави Рејтиљо за каналот Франс 2.
Тој изјави дека утрово ќе ги собере сите префекти за да разговараат за мобилизацијата за 10 септември, остро критикувајќи го движењето „Неосвоена Франција“ и нејзиниот лидер Жан-Лик Меланшон, обвинувајќи ги дека сакаат да создадат „бунтовничка атмосфера“ во Франција.
Проценките од територијалните служби велат дека околу 100.000 учесници ќе се соберат во среда, бројка што францускиот премиер Франсоа Баиро, кому вчера му беше изгласана недоверба, неодамна ја опиша како „прилично мала“ за време на гостувањето на телевизијата Франс 2.
Движењето наречено „Мобилизација 10 септември“ се роди во лето како протест против буџетските намалувања на владата на премиерот Франсоа Бајру, која предвиде значителни заштеди за 2026 година.
Слоганот „Да блокираме сè“ ги повикува граѓаните да ја запрат земјата на тој ден и да изразат незадоволство од моменталната политичка и економска состојба, пренесува Танјуг.
Левичарските движења – Неосвоена Франција (LFI), Еколозите и Француската комунистичка партија ја поддржаа оваа иницијатива. Лидерот на LF, Жан-Лук Меланшон, повика на генерален штрајк на 10 септември, за движењето да има силен симболичен и практичен ефект.
Според анкетите, околу 46 проценти од Французите ја поддржуваат иницијативата, додека 28 проценти се против неа, а 26 проценти се воздржани.