Приведен жител на Слупчане во Куманово: Возел со 1,59 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириест и седумгодишник од липковско Слупчане бил приведен откако полицијата утврдила дека вози со 1,59 промили алкохол во крвта.

– На 04.09.2025 во 21:50 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(47) од село Слупчане, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „нисан“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.59 промили алкохол во крвта.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повреден мигрант од Авганистан пронајден во Лојане

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски