Тајна скривница за милијардери: На прв поглед само дупка, но внатре рај (видео)

Сподели со своите пријатели

На прв поглед делува како обична дупка во земјата, но всушност во прашање е влез во бункер кој ќе ве сочува од апокалипса. Продажбата на сигурни, луксузни, пространи бункер кои ги произведува фирмата „Прифатилишта за прешивувања – Атлас“ посебно е зголемена од 2012 година, кога на 21 декември требашѓе да се случи долгонајавуваниот крај на светот.

Сопственикот на фирмата која ги прави овие подземни бункери, Роб Хабард истата година продавал по едно прифатилиште месечно, а од тогаш започнала вистинска манија, па дневно продавал по еден.

Треба да се напомене дека цените се од 65 до 86 илјади долари, а ако имате толку пари на располагање бидете сигурни дека ќе преживеете. Скалите водат до самото подземје.

Таму се наоѓаат влезни врата во овој луксузен бункер. Компанијата нуди можност ентериерот да го опреми според вашиот вкус. Што сеоднесува до прифатилиштето, тоа е направено од метал и во него може да живеат четири лица.

Во цената се вклучени телевизија, кауч, четири кревети, бања, работна маса и фриждењ. Електричната енергија се обезбедува со помош на генератори.

Прифатилиштето е долго скоро 29 метри, широко 6,7 метри и наменето за вкопување на длабочина од шест метри.

 

Loading...