Расте бројот на загинати во поплавите во Виетнам, едно лице загина во Тајланд

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во Виетнам се зголеми на седум, најмалку 34 се повредени во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови, а едно лице загина во Тајланд, објавија денес властите на двете земји.

Loading...

На север и во централниот дел од Виетнам, седум лица загинаа, 34 се повредени, а едно лице се води како исчезнато поради поплавите, објавија локалните медиуми.

Во Тајланд, едно лице загина, а едно лице се води како исчезнато во лизгање на земјиштето во градот Чианг Маи на север од земјата.

Службата за спречување и ублажување на катастрофи на Тајланд објави дека голем број куќи се погодени од бурата, а државната метеоролошка служба предупреди за обилни дождови на север од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  97 припадници на Бундесвер отпуштени поради десничарски екстремизам

Дождот е последица на тропската бура Каџики, која во понеделник ги погоди централните делови на Виетнам, кои беа итно евакуирани.