Борел: Убиството на шест новинари во Газа не e случајно, ИДФ знаел кои се

Сподели со своите пријатели

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денес изјави дека убиството на шест новинари во Газа не било случајност и го обвини Израел дека ги таргетирал.

Loading...

„Неверојатно е како меѓународната заедница не реагира“, рече Борел, критикувајќи го недостатокот на заеднички европски одговор на ситуацијата во Газа, пренесува RTVE.

„Тие знаеја каде се и тргнаа по нив. Нетанјаху постојано вели дека ништо не се случува во Газа, дури рекоа дека биле ставени на диета. Луѓето гладуваат, а оваа банда убијци вели дека се на диета“, рече Борел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Сирија, едно лице е убиено во израелски напад на југ

Борел изјави дека целта на Израел е да ги протера сите Палестинци од Појасот Газа, но дека Египет не сака да ги прими од загриженост дека тоа би му одговарало на Тел Авив.

Тој, исто така, го осуди недостатокот на одговор од меѓународната заедница и го критикуваше молчењето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и наводното соучество на САД во акциите на Израелските одбранбени сили во Газа, но ја пофали Шпанија, која ја прекина одбранбената соработка со Израел и ја призна државата Палестина.

Во мај, Европската унија објави дека ќе го разгледа договорот за соработка со Израел на барање на Шпанија и уште три земји, а во јули, Европската комисија (ЕК) предложи делумно да се суспендира учеството на Израел во научно-истражувачката програма „Европски хоризонт“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелците на протест побара прекин на огнот и ослободување на заложниците (ВИДЕО)

„Претседателот на Комисијата мора да го стави ова прашање на дневен ред и да достави предлог до Советот“, рече Борел, истакнувајќи дека само фон дер Лајен може да покрене таква постапка.