Медиуми: САД работат на организирање средба меѓу Нетанјаху и Ал Шара

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави работат на организирање средба меѓу сирискиот лидер Ахмед ал Шара и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следниот месец за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објави Скај њуз Арабија.

Loading...

Според извештаите, претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, треба да учествува на средбата меѓу Нетанјаху и Ал Шара, објави „Тајмс оф Израел“.

Скај њуз Арабија наведува дека неодамнешното назначување на нов претставник на Сирија во Обединетите нации може да укажува дека средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание, објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции за компании кои нелегално тргуваат со Иран