Иран и европските сили денес ќе разговараат за нуклеарната програма

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес ќе има заеднички телефонски разговор со своите француски, британски и германски колеги за нуклеарните преговори и санкции, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Loading...

Три европски сили се заканија дека ќе ги активираат санкциите на Обединетите нации против Иран во рамките на механизмот за „откажување“ доколку Иран не се врати на преговарачката маса за својата нуклеарна програма, објави Ројтерс.

Европските земји, заедно со САД, тврдат дека Иран ја користи својата нуклеарна програма за потенцијално развивање нуклеарно оружје, што Иран го негира.

Техеран ги прекина преговорите со САД за својата нуклеарна програма откако САД и Израел ги нападнаа нуклеарните постројки на Иран во јуни, објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции за компании кои нелегално тргуваат со Иран

Оттогаш, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не беа во можност да пристапат до нуклеарните постројки на Иран.