Кумановецот Никола Васиљевски со нова песна – „Без зборови“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот пејач Никола Васиљевски ја промовира својата нова музичка тема со наслов „Без зборови“.

Loading...

Песната претставува уште дело во кое уметникот ја изразува својата емоција преку современ поп-звук и визуелна приказна сместена на живописни локации во Охрид.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Васил Ангелов, кој стои и зад бек-вокалите заедно со Драгана Јовановска.

Во продукцискиот дел се вклучени Ангелов и Иван Петровски – Јоки, кој ја потпишува и финалната мастеринг обработка во MusiVerse студиото, а истовремено е заслужен и за гитарските делови.

Видеоспотот е дело на продукцијата SteadyFlow, која го режираше, сними и монтираше проектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алексеј од Куманово освои прво место на тениското првенство за јуниори

Во него настапува моделот Викторија Денковска, додека кореографијата е изведена од танцовиот клуб TSK Dinamik.

Со „Без зборови“, Васиљевски уште еднаш покажува дека младата македонска музичка сцена има што да понуди, спојувајќи свеж звук со професионална видео-реализација која му дава дополнителна тежина на проектот.

Песната може да ја слушнете во продолжение:

Loading...

 

Никола Ивановски