„Јужна Кореја ќе се стреми да ја обнови меѓукорејската соработка и има намера да го обнови договорот за прекин на воените активности по должината на границата со Северна Кореја“, изјави денес претседателот Ли Џе Мјунг.
Во говорот по повод 80-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското колонијално владеење, Ли рече дека ќе се обиде да го обнови таканаречениот Воен договор од 19 септември, кој беше потпишан на меѓукорејскиот самит во 2018 година и беше наменет за деескалација на тензиите по должината на нивната заедничка граница.
Пјонгјанг го раскина договорот и рече дека ќе ги врати сите воени мерки
Пјонгјанг подоцна ефикасно го укина договорот и рече дека ќе ги врати сите воени мерки, откако Сеул ги суспендираше деловите од договорот поради зголемените тензии.
Претседателот Ли, кој победи на предвремените избори во јуни, се обиде да ги обнови односите со Пјонгјанг по период на прекугранични тензии и покажа подготвеност да се врати на дијалогот.