Силен земјотрес, со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала, денес го погоди подрачјето околу островот Фиџи во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеиолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 535 километри, на растојание од околу 600 километри од населените места.
Засега нема извештаи за можни повредени и материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.