Два поголеми пожари во текот на вчерашниот ден изгореа поголеми површини во атарите на селата Стрновац и Младо Нагоричане.
Како што информираат од Регионалнито центар за управување со кризи, во селото Стрновац била опожарена површина од околу 70 хектари.
Пожарот пеплосал стрништа, житни култури, лозје, сува трева, а изгорени биле и една напуштена куќа и една плевна.
Во период од 16:15 до 01:00 по полноќ пожарот го гаснеле двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, двајца од ТППЕ Куманово, но и мештани кои со своите земоделски машини помагале да се изгасне огнот.
Пожарот во Младо Нагоричане кај црквата „Света Петка“ зафатил површина од околу 15 хектари сува трева, стрништа, а изгорел и еден помошен објект со 900 бали сено, слама, една стара напуштена куќа и дрвени бандери.
Во период од 16:00 до полноќ во гаснењето учествувале три противпожарни возила на пожарникарите до Старо Нагоричане со седум пожарникари, а на терен дејствувале и околу 30 мештани со 15 трактори.
Дежурниот на ТППЕ Старо Нагоричане како причина за пожарите навел спој на електрични жици.
Снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од селата од општина Старо Нагоричане вчера беше во прекин, а како што велат од ЕВН, првентивно поради гаснење на пожарите.
Никола Ивановски