Уапсен Пепе Палермо, наводниот водач на италијанската мафија

Сподели со своите пријатели

Колумбиските власти објавија дека го уапсиле Џузепе Палермо, наводен висок член на италијанската мафија „Ндрангета“, кој е осомничен за надгледување на големи пратки кокаин и управување со нелегални рути за трговија со дрога од Јужна Америка до Европа.

Loading...

Палермо, познат по прекарот „Пепе“, беше уапсен на улица во Богота во заедничка операција на колумбиската, италијанската и британската полиција, со поддршка на Европол, објави полицијата, објави АП.

Тој беше под црвена потерница на Интерпол, што значеше дека неговото апсење се бара во 196 земји.

Според шефот на колумбиската полиција, генерал Карлос Фернандо Тријана, Палермо бил дел од „една од најтесно поврзаните ќелии“ на мафијашката организација „Ндрангета“, која се смета за една од најмоќните и најзатворените криминални мрежи во Италија, позната по контролата на пазарот на кокаин во Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

„Осомничениот не само што бил одговорен за набавка на големи количини кокаин во Колумбија, Перу и Еквадор, туку ги контролирал и превозните и копнените рути за шверц на дрога во Европа“, рече Тријана.

Според Обединетите нации, нелегалното производство на кокаин достигна 3.708 тони во 2023 година, што претставува раст од 34 проценти во споредба со претходната година.

Главната причина за зголемувањето е проширувањето на плантажите со кока во Колумбија.

Организацијата „Ндрангета“ е позната по тоа што ја користи Латинска Америка како главен центар за увоз на кокаин во европските пристаништа, особено во Шпанија, Италија и Холандија.

Loading...