Граѓаните кои претрпеле штети од пожарите да поднесат барање за обештетување

Сподели со своите пријатели

Граѓаните кои што претрпеле штети од последниве пожари на територијата на Куманово ќе можат да поднесат барање за обештетување до Општина Куманово во периодот од 14 до 25 јули годинава.

Loading...

Барањата треба да се достават во Архивата на Општина Куманово, а поднесената документација ќе ја разгледува Комисијата за проценка на штети.

Засегнатите граѓани треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, копија од имотен лист, фотографии од опожареното и контакт телефон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Куманово затекнати како палат кабли, полицијата ги приведе (ФОТО)