130 хектари површина изгореа во пожар во Руѓинце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 130 хектари повшина, претежно сува трева, нискостеблести дрвја и грмушки изгореле вчера во пожаро во селото Руѓинце.

 

 

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане вчера по повик започнала интервенцијата во 10:00 часот, при што огнот го изгаснале за околу еден час.

 

 

Но, веќе во 11:30 часот добиле уште еден повик дека огнот повторно се разгорува и се упатиле на терен најпрвин со едно возило и двајца пожарникари.

 

 

Поради интензитетот на пожарот, на терен подоцна се упатило уште едно возило со четворица пожарникари, општински џип со дополнителни тројца пожарникари, а на испомош дошле и четворица пожарникари од Кратово и двајца од Ранковце со по едно возило. На терен помагал и еден пожарникар на ТППЕ Куманово за дотур на вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово се засили со Бразилец во пресрет на утрешниот натпревар против Тиквеш

 

 

Пожарот конечно бил изгаснат околу 19 часот, но успеал да пеплоса површина од околу 130 хектари.

 

 

Пожар вчера имало и во селото Бељаковце, каде исто така гореле мешана шума и сува трева. Таму интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Куманово во период од 16:15 до 18.50 часот.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски / фото: ТППЕ Старо Нагоричане