Либералната партија (ФДП) го предложи Прпарим Авдили како свој кандидат за градоначалник на швајцарскиот град Цирих. Тој сам ја сподели оваа информација преку објава на Фејсбук.
Авдили во објавата се осврнува на своето потекло, нагласувајќи дека неговото семејство има корени од Куманово, но дека неговиот живот се врзал за Швајцарија, каде што е израснат.
– Израснав во Цирих како дете на семејство со мигрантско потекло. Моето образование го стекнав во населбите Алтштетен и Албисриден, а и денес останав близок со моето маало – сè уште играм фудбал со другарите од детството. Цврсто сум поврзан со овој град и секојдневно го живеам со страст она што го правам,“ напиша Авдили.
Изборите за градоначалник се закажани за 8 март 2026 година.