Шеесет и шестгодишен кумановец бил тешко повреден откако вчера попладне во него удрил мотор управуван до негов сограѓанин.
Loading...
– На 02.07.2025 околу 17.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Биљановска“ во Куманово, мопед со неготински регистарски ознаки, управуван од Ф.Т.(37) од Куманово, удрил во пешакот М.Н.(66) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски