Пет интервенции имале вчера кумановските пожарникари

Loading...
Сподели со своите пријатели

Пет интервенции имале во текот на вчерашниот ден кумановските пожарникари, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запален смет и сува трева на локацијата Стари лозја. Во период од 07:55 до 09:25 часот интервенирале тројца пожарникари.

Петмина пожарникари со три возила интервенирале и на догаснување на пожарот кој завчера зафати плац за отпад на улицата „Индустриска“.

во период од 13:20 до 14:05 часот повторно тројца пожарникари интервенирале на месноста Стари лозја каде гореле сува трева и смет.

Сува трева горела и во атарот на Агино село. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 22:50 до 23:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна со работа отворениот градски базен во Куманово (ВИДЕО)

Во населбата Иго Тричковиќ во текот на ноќта горела сува трева. Двајца пожарникари интервенирале во период од 00:20 до 00:50 часот.

Никола Ивановски