УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Loading...
Сподели со своите пријатели

Од денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидометеоролошки работи.

Оттаму препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Времето денесска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  48-годишен кумановец ја нападнал својата сопруга

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

Никола Ивановски