24 ЈУНИ: „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев за последен пат во Куманово!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Познатиот актер и стендап комичар Сашко Коцев повторно ќе настапи пред кумановската публика со својот стендап настап „Широк дијафазон“. Настанот е закажан за 24 јуни (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура Куманово.

Станува збор за последна изведба на овој стендап во Куманово, што настанот го прави особено значаен за љубителите на хуморот и театарот.

Се повикуваат сите заинтересирани навреме да си обезбедат билети, имајќи го предвид ограничениот број места и зголемениот интерес.

Билетите се достапни на билетарата во Центарот за култура Куманово, во редовното работно време: од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот. Цената на билетот изнесува 400 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 200 кумановци досега аплицирале за мерката самовработување (ВИДЕО)

„Широк дијафазон“ е препознатливо стендап остварување на Сашко Коцев, кој со својот хумор, енергија и актерска изведба постојано привлекува публика низ целата земја. Настанот претставува одлична можност за кумановци да уживаат во вечер исполнета со смеа и актуелна сатира.

Никола Ивановски