Loading...
Триесет и шестгодишна жена од липковско Матејче се здобила со тешки повреди при струен удар и во бессознание завршила во болница.
– На 15.06.2025 во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект.
Никола Ивановски