Loading...
Виетнам стана десеттата земја-партнер на БРИКС, објави денес бразилската влада.
„Како привремен претседавач на БРИКС, бразилската влада го објавува формалното прифаќање на Виетнам како земја-партнер. Бразилската влада ја поздравува одлуката на виетнамската влада“, се вели во соопштението за медиумите.
Оваа година, Бразил ја предводи оваа организација и ќе претседава со самитот од 6 до 7 јули, објавува РИА Новости.
БРИКС е меѓувладина асоцијација основана во 2006 година. Покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, на групата ѝ се придружија Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.