Британските обвинители потврдија 21 обвинение против контроверзните браќа Ендру и Тристан Тејт, со кое ќе се соочат кога ќе бидат вратени во Велика Британија.
Озлогласените браќа Ендру и Тристан Тејт се обвинети, меѓу другото, за силување, телесни повреди и трговија со луѓе.
Двајцата моментално се во Романија, каде што се соочуваат и со посебни судски постапки.
Ендру Тејт, поранешен кикбоксер кој стана инфлуенсер, се соочува со 10 обвиненија поврзани со три наводни жртви.
„Обвиненијата вклучуваат силување, нанесување телесни повреди, трговија со луѓе и контрола на проституција за профит“, се наведува во обвинението, како што објави Би-Би-Си.
Неговиот помлад брат Тристан се соочува со 11 обвиненија поврзани со една наводна жртва, вклучувајќи силување, напад и трговија со луѓе.
Браќата, кои имаат британско-американско државјанство, ги негираа обвиненијата од романските обвинители, но се под истрага.
Британското обвинителство изјави дека „кривичните прашања во Романија прво мора да се решат, а дури потоа можат да започнат законски постапки против нив во Велика Британија“.
Ендру Тејт првпат се појави во јавноста како гостин во британското ријалити шоу „Големиот брат“ во 2016 година, но беше исфрлен од тој проект поради хомофобични и расистички коментари.