10.000 евра неповратни средства за младите кои ќе започнат свој бизнис

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши го презентираше планот за поддршка од 40 милиони евра за мерки за вработување преку Оперативниот план, кој ќе опфати 16.507 невработени лица со фокус на самовработување на младите.

Loading...

„Оваа година за мерките за вработување се издвоени рекордни 2,5 милијарди денари, односно 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година,“ истакна министерот Дурмиши. Со овие средства се предвидува да бидат опфатени 16.507 лица, со што планот претставува досега најобемна финансиска поддршка во оваа сфера.

Фокус на младите и долгорочно невработените

Во Оперативниот план, посебно внимание е посветено на младите до 29 години, долгорочно невработените лица, како и корисниците на гарантирана минимална помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новата мерка за практиканство обезбедува три месеци платена обука за 1.352 млади

За првпат, се воведуваат нови, таргетирани мерки со цел да се поттикне младинското претприемништво.

Младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис ќе можат да аплицираат за неповратна поддршка до 10.000 евра – што е највисока досега понудена сума за оваа намена.

Дополнително, самовработувањето преку здружување ќе биде поддржано со суми до 20.000 евра за млади содружници.

Стратегиски мерки за креирање работни места

Во рамките на мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ ќе бидат опфатени 1.540 лица, а за секој млад вработен се предвидува поддршка до 250.000 денари.

„Оваа мерка покажува јасна насоченост кон задржување на младите во земјата,“ рече министерот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре Македонија во топлотен бран, температури над 40 степени

Покрај тоа, ќе се спроведат обуки за стекнување на основни и напредни вештини, вклучувајќи странски јазици, компјутери, претприемништво и лиценцирани ИТ обуки со меѓународна важност.

Екологија и социјална инклузија

Како новина во Планот за 2025 година се воведуваат јавни работи насочени кон заштита од пожари и пошумување на локално ниво.

Со оваа мерка се предвидува вработување на 400 лица од потешко вработливите категории, со месечна поддршка од 24.000 денари.

Младински додаток за нови производствени работници

Планот предвидува и продолжување на мерката „Младински додаток“ – стимул за 3.500 млади лица до 23 години да се вработат во производствениот сектор по завршување на средното образование.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре Македонија во топлотен бран, температури над 40 степени