Групата со правење дупки во ѕидови се префрлувала од еден во друг двор (видео)

Сподели со своите пријатели

Во денешната попладневна посета на неколку куќи во нас. Тоде Мендол, поточно на ул. Перо Илиевски, забележавме дека ситуацијата полека се смирува, но во позадина на целиот трагичен настан, се уште се забележуваат уплакани лица на сопствениците на домовите кои беа целосно разорени во вооружените дејства помеѓу силите на МВР и вооружените групи.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”41″]

 

Самиот сплет на настани за локалното население нема ниту почеток, ниту крај, затоа што и тие самите не знаат да објаснат од каде и зошто вооружените лица ги одбрале нивните домови како упориште против полицијата, и што всушност се случувало во тие 48 часа додека траеја престрелките во нивното маало.

pienje

Тоа што се забележува во собите од било кој дом погоден од оган се дупки во ѕидовите за кои првично мислевме дека се направени од гранатирање, но во подоцнежна консултација со експерти, ни беше посочено дека дупките  кои членовите ги правеле се направени во обид да се префрлуваат од еден двор во друг. На масите во домовите се забележани и остатоци од храна, кикирики, сокови, Ред Бул, плински боци, Нес Кафе и храна која ја користеле додека престојувале внатре Во еден од домовите, се гледа дека семејството било тука до некое време, со остатоци од ручек и садови кои ги оставиле зад нив.

Capture

Loading...

Како што може да се види на снимките, малите дупки на ѕидовите се користени за снајперски оган, а по остатоците од крвави маици, се гледа дека членовите на групата, погодени од оган, се обидувале да го сопрат крварењето.

Capture

Во видеото објавено од МВР доцна попладне, се гледа дека групата користела золји, рачни бомби и пушко – митралези, како и молотови коктели со кои најверојатно го предизвикале огнот во неколкуте семејни објекти.

Capture

Делови од куќите се уништени од разорната моќ на полициските оклопни возила БТР и борбеното наоружување во обид да се дојде до групата заради чистење на теренот куќа по куќа.

Со оглед дека денес беше објавено дека еден член од групите бил обучен за мини, не е исклучена можноста, делови од куќите да биле минирани од вооружените групи, како би се предизвикале човечки жртви на самиот влез во објектот.

Штетите, коментираат сопствениците ќе се санираат, но дупките во нивните души како што велат нема да закрепнат па макар да добијат комплетно нови домови. Жителите изразија жалење за изгубените животи на осуммината полицјаци, се заблагодарија што и тие самите добиле заштита од натрапниците за кои велат дека не знаат ниту кои се, ниту зошто дошле во Куманово, но побараа одговор од полицијата за своите членови кои се одведени во сабота наутро, иако како што велат, тие лежеле на под заедно со своите деца и сопругите, преплашени за нивните животи.

Loading...

Поради форензичко вештачење, во куќите немаше оставено многу траги од чаури и оружје, освен неколку молотови коктели за кои сопственикот на една од куќите замоли да бидат тргнати од обучени тимови, бидејќи не знае како да ги отстрани од семејниот двор.

На лице место беа затекнати тимови на ЕВН кои се обидуваа да приклучат струја во оштетените домови во кои уште долго нема да се врати животот, велат сопствениците.

 

 

Leave a Reply