Стармер: Бројот на мигранти во Британија ќе се намали за околу 100.000 годишно

Сподели со своите пријатели

Бројот на имигранти што доаѓаат во Велика Британија ќе се намалува за околу 100.000 годишно според планот што денес го презентираше британскиот премиер Кир Стармер, најавувајќи сеопфатни реформи на имиграциската политика.

Loading...

Владата објави таканаречена „бела книга“ во која беа наведени осум клучни мерки кои, заедно со претходните промени воведени за време на конзервативната влада, треба да доведат до вкупно намалување на бројот на мигранти за повеќе од 100.000 годишно, пишува британски „Тајмс“.

Стармер рече дека планот претставува крај на период во кој, како што рече, „политиката и економијата страдаа поради неконтролираниот прилив на население“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Франција, Британија и Германија се обидуваат да го пролонгираат конфликтот во Украина

Бројката за нето миграција достигна рекордни 906.000 во 2023 година, а моментално е намалена на 728.000.

Доколку другите фактори останат непроменети, се очекува бројот на мигранти да се намали на околу 240.000 годишно од 2028 година.

Владата предвидува построги контроли, кои вклучуваат оданочување на универзитетските приходи од странски студенти, намалување на дозволениот престој на студентите по дипломирањето, укинување на можноста за вработување на нискоквалификувани работни места, построги барања за познавање на англискиот јазик, како и продолжување на рокот за стекнување право на постојан престој од пет на десет години, пренесува Танјуг.

Стармер рече дека целта е да се воспостави селективен и фер систем каде што самата Британија одлучува кој ќе дојде во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подметнат пожар во куќата на британскиот премиер

Тој посочи дека нема да поставува конкретни нумерички цели, бидејќи претходните влади беа неуспешни во ова, но рече дека, доколку е потребно, ќе преземе дополнителни мерки за намалување на притисокот врз домувањето и јавните услуги.

Loading...