Димитриевски од Штип: Доста беше молк – Филипче, што изнeсе, чие богатство го однесе?!

Сподели со своите пријатели

Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко Филипче конечно да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата што веќе премногу долго висат во воздух.

Loading...

„Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

 

 

„Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи – со купишта пари изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од народот.“ – порача Димитриевски.

 

Loading...

 

Од тука, претседателот на ЗНАМ, јасно го повика Венко Филипче:

„Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал? “

Овој повик од Штип не е само порака – тоа е барање за вистина, за одговорност и за враќање на моралот во јавниот живот.

 

 

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со кампањата низ целата држава, будно следејќи ги постапките на сите кои се огрешиле пред народот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Свети Николе: „СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар – ние сме тука да го исправиме тоа!“

Време е народот да знае. Време е Македонија да се избори за чесна и одговорна власт.