Кумановец со малолетници крадел од паркиран автомобил

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен под сомнение дека со две малолетни лица ограбил „пасат“ паркиран пред казино.

Loading...

– На 09.05.2025 во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.Ш.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ. На 09.05.2025 околу 02.40 часот, на паркинг пред казино во Куманово, Л.Ш., заедно со две малолетни лица, од патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, одзеле пари и предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово со тврд предмет натепале врсници

Никола Ивановски