Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда од 20 часот ќе биде отворена изложбата од 26-тиот Меѓународен Фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“.
Loading...
Изложбата се реализира во соработка со НУ “Антон Панов“ – Струмица којшто воедно е и организатор на фестивалот.
Изложбата содржи 30-тина карикатури селектирани од стручното жири меѓу кои и првонаградените. Во рамките на Фестивалот беа доделени и наградите за најуспешните афоризми но и признанија за Струмичкиот карневал.
Изложбата во Куманово ќе трае во наредните десетина дена.
Интегрално соопштение