Триесет и осумгоидшник денеска е приведен на Табановце околу 17 часот, откако два часа ретходно во семејната куќа во Скопје ја убил својата сопруга.
– Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
– Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.
Никола Ивановски