Администрацијата на Трамп е подготвена да одобри прва продажба на воена опрема на Украина

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, е подготвена да одобри прва продажба на воена опрема на Украина, откако Министерството за внатрешна безбедност издаде лиценца за извоз на воена опрема и услуги во вредност од над 50 милиони долари.

Loading...

Ова е прв пат откако Трамп ја презеде власта САД да обезбедат воена помош за Украина, пишува „Гардијан“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека потпишувањето на договорот е „историски момент“ и дека создава можност за значајни инвестиции во Украина.

Договорот за минерали, кој беше потпишан меѓу Украина и САД, ќе создаде заеднички фонд за финансирање на нови лиценци за експлоатација на критични минерали, нафта и гас.

Зеленски ги пофали условите на договорот, велејќи дека тие сега се „еднакви“ и ѝ овозможуваат на Украина да избегне американски „монопол“ на пазарот.

И покрај првичните несогласувања за време на преговорите, украинските власти сега веруваат дека договорот ќе им овозможи и да се здобијат со клучни воени системи, како што се ракетните системи „Патриот“, кои би можеле да се финансираат од фондот за минерали, пренесува Танјуг.