Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави денес дека Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран преку Обединетите нации доколку разговорите за нуклеарната програма не успеат.

Loading...

„Нема сомнение дека кога ќе истече договорот за нуклеарната енергија на Иран за неколку недели, и ако европските безбедносни интереси не бидат загарантирани, ние без никакво двоумење повторно ќе ги примениме сите санкции што беа укинати пред 10 години“, рече Баро на седница на Советот за безбедност на ОН, објави Ројтерс.

Франција, Велика Британија и Германија, познати како „Е3“, се потписнички на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, кој истекува во октомври, и имаат право да активираат механизам за повторно воведување санкции, познат како „snapback“, во Советот за безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран предложи средба со европските земји пред следните преговори со САД

Според дипломатите, земјите од Е3 сега планираат да го активираат механизмот „snapback“ до август, наместо до јуни, доколку дотогаш не се постигне значаен договор. Можноста за тоа истекува на 18 октомври.

„Овие санкции потоа трајно би го блокирале пристапот на Иран до технологија, инвестиции и европски пазар, што би имало катастрофални последици за економијата на земјата. Ова не е она што го сакаме, затоа денес сериозно го повикувам Иран да ги донесе потребните одлуки за да се избегне најлошото“, нагласи Баро.

Иран предложи состанок со земјите од Е3, кој би можел да се одржи во Рим во петок, доколку продолжат разговорите со САД, изјавија дипломати во понеделник, но предупредија дека Е3 сè уште не одговорила на предлогот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран предложи средба со европските земји пред следните преговори со САД

Како што беше објавено претходно денес, Иран предложи состанок со европските земји кои учествуваа во договорот од 2015 година за нуклеарната програма на земјата.

Иран сака да го искористи моментумот од нуклеарните преговори со САД, кои продолжија во Оман во саботата, и по разговорите со Русија и Кина минатата недела, со состанок со претставници на европските земји.

Loading...

Омански претставници изјавија дека нова рунда разговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма би можела да се одржи на 3 мај во Европа.

Британското и германското министерство за надворешни работи одбија конкретно да коментираат дали Иран предложил состанок на кој би учествувале претставници на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран предложи средба со европските земји пред следните преговори со САД

Француското министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар, според Ројтерс.