Четири казни биле изречени на правни и физички лица при синоќешната контрола на полицијата и инспекциите во кај кумановските угостители.
– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 22.00 до 02.00 часот на 27/28.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државнито пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на три угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од полицијата.
При контролата, како што додаваат, извршено е легитимирање на 26 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство.
Никола Ивановски