Уганда денес прогласи крај на последната епидемија на ебола во земјата.
Според Министерството за здравство на Уганда, епидемијата завршила три месеци откако властите потврдија случаи на оваа многу заразна и често фатална вирусна хеморагична инфекција во главниот град Кампала, објави Ројтерс.
На крајот на јануари оваа година, медицинска сестра во Кампала почина од ебола, што е првата регистрирана смрт од последната епидемија на болеста во 2022 година.
Уганда имаше повеќекратни епидемии на ебола, вклучувајќи ја и едната во 2000 година во која одзеде стотици животи, а најновата во 2022 година, кога 77 лица починаа од болеста.
Болеста се пренесува на луѓето преку заразени животни, а меѓу луѓето се пренесува преку телесни течности.
Главните симптоми се треска, повраќање, крварење и дијареја.
На заразеното лице му се помага со рехидратација или интравенозни течности.
Болеста има висока стапка на смртност – од 50 до 90 проценти од заболените умираат од неа, но денес постојат вакцини и лекови против оваа хеморагична треска, пренесува Танјуг.