Донирано амбулантно возило за Општа болница Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општа болница Куманово денеска доби вредна донација, амбулантно возило кое ќе биде на располагање на околу 200.000 пациенти од регионот.

Loading...

 

 

Донацијата ја реализираше претприемачот Давид Ивановски и неговата компанија Балкан Груп, кој вели дека ова треба да биде поттик и за останатите компании во државата.

– Водејќи се по фактот дека јас сум роден во оваа болница, исто така и мојата мајка успешно 37 години работи во неа. Со овој чин би сакал да ги поттикнам сите приватни компании во нашата држава да помогне кој колку може бидејќи заедно градиме подобро оптешство, изјави Ивановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

 

Loading...

 

Возилото беше предадено на болницата во присуство на министерот за здравство Арбен Таравари, кој изрази надеж дека ќе има уште вакви компании подготвени да бидат општествено одговорни.

– Болницата има четири вакви возила, ова е петто, меѓутоа само од почетокот на годината имаат транспорт на околу 300 пациенти од Куманово до Скопје. Често се користат овие возила да се пренесат пациентите и од болница до нивните домови. Се надевам дека ќе има повеќе општествено одговорни компании кои ќе бидат подготвени да помагаат на јавно здравствените установи, рече Таравари.

 

 

Директорот на Општа болница Куманово, Сашо Стошевски вели дека имаат четири функционални возила досега, но дека секое ново е добредојдено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнa кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

– Во планот за 2025 година имаме планирано во буџетот набавка на уште едно санитетско возило, меѓутоа ако стигне од министеството ние ќе ги пренасочиме средствата каде има најмногу потреба. Ги повикувам општествено одговорните компании како што е Балкан груп да дојдат кај нас, да се договориме, имаме навистина потреба од повеќе инвестиции во болницата, да сфатиме дека еден ден сите ќе бидеме пациенти тука и дека ќе ни требат подобри услови како за вработените така и за пациентите, изјави Стошевски.

Loading...

 

 

Инаку, како што најавија министерот Таравари, болницата со сопствени средства подготвува инвестиции на неврологија, психијатрија, пералната и кујната на здравствената установа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се размислува „бувљакот“ да се дислоцира на аеродромот Аџи Тепе (ВИДЕО)

Никола Ивановски