„Голф“ се запалил во движење на патот Табановце – Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил, сопственост на 44-годишен кумановец, вчера се запалил додека се движел на патот Табановце – Куманово.

Loading...

– На 23.04.2025 во 01.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот Табановце- Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, во движење, управувано од Б.И.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се проширува патарината Миладиновци (ВИДЕО)