Кумановци со први места од Европски шампионат за кучиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Три кучиња од Куманово и нивните сопственици се закитија со први места на Европскиот шампионат во убавина на кучиња кој се одржа во Брно, Република Чешка.

Loading...

 

 

Први места освоија Бојан Стојковски со кучето D’iva Boston We Are Casanova во класа машко бебе од расата Бостон териер, Драган и Деспина Златановски со кучето CH Bullkum Hellboy a.k.a Otto во класа зрели машки од расата мини пудла, како и Дарко Колевски со кучето JCH G.O.A.T. von Schwartzekraft во класата млади машки од расата доберман.

 

 

Loading...

– За сите нас ова е голем момент. И на условите што ги немаме во Куманово, треба да се укаже на квалитетот на нашата кинологија и способност, труд, посветеност и пожртвуваност. Во Куманово немаме скоро никакви услови, немаме соодветно место каде да ги прошетаме, не се дозволени во ниту еден мол, што е многу важно за нивна социјализација во големи затворени простории и метеж. Онаму пак каде што можеме да работиме со нив, постојано сме спречувани, а понекогаш и едвај ги спасуваме од уличните кучиња, вели Стојковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велигденски хуманитарен концерт во Куманово

 

 

Сепак, како што додава тој, покрај сите пречки, тројца кумановци победија во оваа престижно натпреварување на кое учествуваа над 27.500 кучиња.

Никола Ивановски