Фицо пркоси на предупредувањата, патува за Москва на Денот на победата

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Словачка Роберт Фицо изјави дека ќе присуствува на прославата на Денот на победата во Москва, како и дека остро се противи на предупредувањето на високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас, дека европските лидери не треба да учествуваат на тој настан, пренесува агенцијата Танјуг.

Loading...

„Предупредувањето и заканата на Каја Калас се непочитување и јас остро се спротивставувам“, објави Фицо на социјалната мрежа Х и потсети како Калас ги предупреди лидерите на земјите-членки на ЕУ да не учествуваат на прославата на Денот на победата во мај во Москва и им порача дека „ваквото учество нема да биде сфатено лесно“ во Брисел.

„На 9 мај ќе одам во Москва. Дали предупредувањето на госпоѓа Калас е форма на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но знам дека годината е 2025, а не 1939″, изјави шефот на словачката влада.

Потребна е дискусија во ЕУ

Тој оцени дека предупредувањето на Калас ја потврдува потребата од дискусија во ЕУ за суштината на демократијата „за она што се случи во Романија и Франција во врска со претседателските избори, за „мајданите“ организирани од Западот во Грузија и Србија“ и за тоа како се игнорираше злоупотребата на кривичното право против опозицијата во Словачка.

„Госпоѓо Калас, сакам да ве информирам дека сум легитимен премиер на суверената држава Словачка. Никој не може да ми диктира каде можам или не можам да патувам. Ќе одам во Москва да им оддадам почит на илјадниците војници на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на Словачка, како и на милионите други жртви на нацистичкиот терор. Исто како што им оддадов почит на жртвите на слетувањето во Нормандија, или на оние во Пацификот, или како што планирам да им оддадам почит на пилотите на РАФ“, објави Фицо.