Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Loading...
Земјотресот се случил во текот на ноќта, на длабочина од 121 километар, додека епицентарот бил на 164 километри источно од Баглан, град со околу 108.000 жители.
Засега не се знае колкава е штетата од земјотресот и дали има повредени.