Нападнати неколку француски затвори (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за правда Жералд Дарманин во вторникот потврди дека во текот на ноќта биле извршени напади врз неколку француски затвори и рече дека ќе отпатува во Тулон, каде се наоѓа еден од нападнатите затвори.

Loading...

 

 

„Имаше обиди за заплашување на персоналот во неколку затвори, од палење возила до пукање со автоматско оружје“, напиша Дарманин на платформата Х.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави и бури погодиле над 400.000 луѓе во Европа во текот на 2024 година

 

 

Loading...

„Одам во Тулон за да ги поддржам службениците на тие институции. Француската Република е соочена со проблемот на трговија со дрога и презема мерки кои во голема мера ќе ги нарушат мрежите на криминалните групи“, додаде тој.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судан тоне во хаос: ОН предупредуваат на масовен глад, егзодус, етничко чистење, групно силување...

Весникот Le Parisien пишува дека на неколку затворски паркинзи биле запалени возила, а цел на автоматски пукање бил и затворот во Тулон.

Весниците пишуваат дека неколку објекти биле цел на криминалци: во Тулон, Екс-ан-Прованс и Марсеј, Валенс и Ним, Лујнес, Вилпент и Нантер.