Лавров: Русија никого не моли за укинување на санкциите

Сподели со своите пријатели

Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, рече дека неговата земја „не брка никого барајќи да се укинат санкциите што ѝ се воведени“.

Loading...

Тој нагласи дека во однос на трговската соработка со САД, се ќе зависи од тоа како Америка планира да се позиционира кон продолжување на економската соработка со Русија, пренесе РИА Новости.

„Оваа економска интеракција е блокирана за 95 отсто, додека вредноста на размената пред десет години беше рекордни 30 милијарди долари. Економската соработка сега е речиси целосно блокирана со незаконски санкции“, нагласи Лавров, јави Танјуг.

Според него, глобализацијата на светската економија повеќе не постои.

„Не го уништи актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, туку неговиот претходник Џо Бајден, кога воведе санкции, кои станаа единственото средство на неговата надворешна политика“, рече шефот на руската дипломатија.