Дуда: Трамп е клучот за мирот во Украина

Сподели со своите пријатели

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е најдобрата шанса за мир во Украина и ги повика европските сојузници да останат смирени во врска со неговата тарифна политика, која ја нарече „шок терапија“.

Loading...

Дуда за „Скај њуз“ објасни дека Трамп со своето искуство во светот на бизнисот и преговорите ја користи тактиката што ја применува во трговските преговори, што може да донесе резултати и во политичките преговори, особено кога станува збор за Украина, пренесува Танјуг.

Тој нагласи дека Трамп, како лидер кој одговара пред американските даночни обврзници, мора да биде специфичен сфатен и дека европските сојузници треба да бидат трпеливи и смирени кога се во прашање неговите политики.

Претседателот на Полска самоуверено рече дека Трамп знае како „да се справи со рускиот претседател Владимир Путин“, потсетувајќи на неговите потези како блокирањето на изградбата на гасоводот Северен тек 2, што, како што истакна, сериозно влијаеше на руските енергетски амбиции.

Според него, „ако некој може да обезбеди крај на војната во Украина, тоа е американскиот претседател“.

Дуда изрази надеж дека наскоро ќе се реализира идејата за отворање голема американска воена база во Полска, позната како „Форт Трамп“, посочувајќи дека Полска веќе планира значителни инвестиции во одбраната, кои до 2025 година ќе сочинуваат 4,7 отсто од БДП.

Кога станува збор за повлекувањето на американските војници од воздухопловната база Јасионка, Дуда нагласи дека е информиран за тој план и додаде дека се уште траат дискусиите за зајакнување на американското воено присуство во Полска.