Жител на Куманово завршил во болница со тешки телесни повреди откако вербалната расправија со друго лице прераснала во физичка пресметка.
Loading...
– На 07.04.2025 во 08.43 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Кирил и Методиј“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу М.А. и С.М., двајцата од Куманово, при што С.М. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Куманово, каде бил пренесен за укажување помош, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски