Руска ракета со двајца Руси и Амеиканец лансирана во вселената

Сподели со своите пријатели

Руските космонаути Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки и американскиот астронаут Џони Ким денеска успешно полетаа до Меѓународната вселенска станица со вселенското летало Сојуз.

Loading...

Носачот „Сојуз“ беше лансиран, според планот, во орбитата на Земјата од вселенскиот центар Бајконур во Казахстан.

Се очекува да се приклучи на Меѓународната вселенска станица околу три часа по полетувањето, т.е. околу 10 часот по наше време, пренесува АП.

Ким, Рижиков и Зубрицки ќе поминат околу осум месеци на Меѓународната вселенска станица.

НАСА соопшти дека Ким, поручник на американската морнарица и поморски пилот, ќе спроведе научно-истражувачки и технолошки експерименти за да помогне во подготовката на екипажот за идните вселенски мисии.

Ким, Рижиков и Зубрицки ќе им се придружат на астронаутите на НАСА Дон Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската вселенска агенција Такуја Ониши и руските космонаути Алексеј Овчинин, Иван Вагнер и Кирил Песков на Меѓународната вселенска станица.