Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен викендов, откако полицијата му измерила 2,34 промили алкохол во крвта.
– На 06.04.2025 во 00.58 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР; при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски