Жена и три деца загинаа во пукање во Флорида, две лица хоспитализирани

Сподели со своите пријатели

Една жена и три деца загинаа во пукање во паркот Пемброк во јужна Флорида, додека две лица се пренесени во болница, соопштија властите.

Loading...

Пукањето се случило синоќа околу 20 часот, изјави еден од официјалните лица Мајкл Кејн, пренесе АП.

Маж и девојка се пренесени во болница, а нивната состојба се уште не е позната, додаде тој.

Портпаролот на полицијата Еван Рос го опиша пукањето како „семејна трагедија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Америка ќе реагира ако Путин ја нападне Европа?