Претседателот на Еквадор бара помош од САД, Европа и Бразил против криминалните банди

Сподели со своите пријатели

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа ги повика војските на САД, Европа и Бразил да се приклучат на неговата „војна“ против криминалните банди кои дејствуваат во земјата.

Loading...

Во интервју за Би-Би-Си, тој исто така ја изрази својата желба американскиот претседател Доналд Трамп да ги прогласи еквадорските банди за терористички организации, како што направи со некои мексикански и венецуелски картели.

Нобоа нагласи дека насилството во Еквадор е зголемено во последните години поради бандите кои се борат за контрола на патиштата за шверц на дрога.

Тој истакна дека бандите, кои започнале како криминални групи, сега се претвориле во „меѓународни наркотерористички организации“ со околу 14.000 вооружени членови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се подготвува за тешки времиња: Објавува план за одбрана, утре важен самит

Тој додаде дека за време на неговиот мандат стапката на убиства е намалена, но дека бројот на убиства и понатаму е значително поголем од претходните години и дека само во јануари се регистрирани 781 убиство.

Претседателот на Еквадор се соочува со критики за неговата цврста политика, а противниците тврдат дека неговата тактика премногу потсетува на репресивни методи, јавува Би-Би-Си.

Сепак, Нобоа изјави дека „ќе се бори до крај“ за да ги казни одговорните за насилство и криминал.

Тој посочи дека Еквадор не може сам да го реши проблемот, бидејќи тоа е „транснационален криминал без транснационална безбедносна политика“.

Loading...

Претседателските избори во Еквадор ќе се одржат на 13 април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луизијана ја спроведе првата егзекуција користејќи азотен гас