Туната е здрава, но внимавајте: Премногу може да биде опасно!

Сподели со своите пријатели

Веројатно сакате да јадете туна, особено ако се занимавате со спорт. Тој е одличен извор на протеини и хранливи материи кои ви помагаат да го осбновите вашето тело после тренинг.

Loading...

Внесувањето на туна го намалува и ризикот од срцеви и мозочни заболувања, но сепак, лекарите ширум светот советуваат дека премногу внесување туна може да биде опасно.

Туната, како и другите морски риби, содржи мала количина на жива. Сите знаеме дека живата е неверојатно отровна и опасна за човечкиот живот. За среќа, рибите содржат мали количини на жива.

Проблемот настанува кога луѓето почнуваат да консумираат премногу туна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци дека вашето дете консумира премногу шеќер

Значи, доколку консумирате премногу туна, постои можност да се отруете од жива и со тоа да го загрозите сопствениот живот.

Секако дека внесот на туна мора да биде огромен за да дојде до вакво труење, но некои спортисти јадат преку 5 лименки туна дневно, па затоа постои сериозен ризик за нив.

Една лименка туна содржи 18,11 микрограми жива, додека истото количество туна Албакор содржи 49,53 микрограми жива.

Спортисти и љубители на риби, внимавајте . Ако сакате риба и туна, не заборавајте дека јадете жива заедно со протеини и омега киселини. Не претерувајте со туната и јадете умерено, бидејќи како што велат нашите баби „се во големи количини не е добро“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали кафето може да го намали ризикот од дебелина и дијабетес?