Постојат многу работи кои патниците не сакаат да ги видат на еродром. Една од нив секако се долгите редови за контрола, втората е известувањето за доцнење на летото, но најлошто што можете да видите се четири букви „S“ на вашиот авионски билет.
Кратенката „SSSS“ на aвионскиот билет (Secondary Security Screening Selection) значи дека сте баш вие зиберени за дополнителна проверка. Добра работа во целата приказна е што оваа ознака се јавува само на летовите кон САД.
Патниците со оваа ознака за почеток се пријавуваат на аеродромскиот шалтер, каде им се поставуваат темелни прашања и во целост се проверува нивниот идентите.
Но, тука не завршува приказната.
Патниците со оваа ознака на својата контролна точка минуваат комплетна проверка што вклучува и неколку отворања на багажот, како и проверка на целото тело.
Оваа пракса е воведена по терористичкито напад во Њујорк, а најчестите критериуми за избор на патници кои минуваат низ безбедносната проверка е патувањето во една насок, плаќање на билетот со готовина и купување на билетот неколку дена пред летот. Изборот често е и сосема случаен.