Иако Холанѓаните денес главно се декларираат како атеисти, калвинизмот некогаш радикално го сменил начинот на размислување, поради што сè уште немаат завеси на прозорците.
Калвинизмот е насока на протестантизмот што ги поставила темелите на холандското општество – дисциплина, трудољубивост и штедливост. И додека католиците веруваат во покајување, калвинистите веруваат дека нашата судбина е предодредена од Бог.
Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите.
Историски гледано, свештенството на врвот уживало во придобивките од финансиската добивка, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, повлечени завеси.
Спротивно на тоа, калвинистичкиот менталитет се фокусирал на политиката на отворени врати, бидејќи никој нема што да крие, и соодветно на тоа – прозорците се отворени.
Денес, зградите во Амстердам се густо збиени, а прозорските стакла се поголеми отколку во повеќето европски градови.
Девојка од странство која дошла да живее во Холандија, пишува дека и било непријатно што цело време се чувствувала како воајер и открива дека повремено мавтала на луѓето во становите, но тие не реагирале.
Потоа, на првото жешко лето, таа намерно продефилирала околу нејзиниот стан, исто така без завеси, во бикини, како и уште некои „сомнителни активности“.
Никој од улицата еднаш не погледнал кон нејзиниот прозорец или ако погледнал немало апсолутно никаква реакција.
Помладите генерации полека го фрлаат овој обичај во заборав.
Си-Ен-Ен пишува дека откако имигрантите започнаа да пристигнуваат во Холандија, младите Холанѓани сепак сакаа поголема приватност (да, истите млади луѓе кои често споделуваат интимност на социјалните мрежи), па сега на нивните прозорци може да се забележат се повеќе и повеќе завеси.